Skip to content

Пасија- Смртта умира

Текст од отворањето на изложбата „Пасија – Смртта умира“ од Коста Милков во галеријата Метаноја 2020 год.

Јас, исто така, сум крајно, крајно радосен што вечерва можам да ве поздравам во име на галеријата „Метаноја“, на „Балканскиот институт за вера и култура“ и во име на уметникот Никола Пијанманов, чија изложба „Пасија – смртта умира“ со големо задоволство ја отвораме денеска, а со траење до Велигден идната година. Веќе беше назначено зошто ја правиме токму сега оваа изложба. Затоа што веруваме дека тематски во годината можеби не се поклопува со сезоната кога обично се спомнува, но ние сме длабоко убедени дека Христоссочувствува со целиот свет,зашто стана еден од нас.Ова е извонреден начин да се преснесе тој знак на надеж, а за што сме апсолутносигурни дека е толку потребен во денешницата. Во овие миговисуштинскини треба и вистина и голема надеж. Тоа е севкупно доловено низ уметничкиот израз на сликарот Никола Пијанманов.

Кога првпат ги видов делата и размислував за нив додека ги истражував во дигитална форма ги гледав и ги толкував колку што можев соодветно со таа перспектива.Морам да кажам, кога ја имав таа привилегија меѓу првите да влезеам во оваа просторија и да ги доживеам онака на само, да гледам во нивната оригиналната генијалнос, имав физичка манифестација на она што се нарекува радост. Можев да ја почувствувам и во ноктите на прстите и во врвот на мојата коса – ете така се чувствував кога ги гледав сликите на Никола Пијанманов. А зошто е тоа така? Затоа што верувам дека за да бидеш уметник, мора да бидеш надарен, мора да има талент во тоа, но истовремено, една од најважните работи е суштината колку уметникот вложил во севкупното разбирање на стварноста околу себе и за да може потоа да ја протолкува. Мислам дека таа физичка сензација што јас ја почувствував во своето тело одговара токму на толку голем труд, на толку голема работа, на толку голема посветеност на Никола да ни ги дарува овие уметнички дела.

Длабоко убеден дека ниту еден елемент од стварноста, каква и да е таа, не може сам по себе да ни ја покаже суштината на нештата, не може да се сведе на самата суштина и затоа ни се потребни симболи. Симболот општо го објаснува она што не може да се види во појавното. Уметноста е тој еминентен начин на којшто симболиката на стварноста го доловува она што е невидливо во суштината. Овој циклус на слики е пар-екселанс симболичен јазик на уметничкото толкување на онаа прашање кое сите ние сме си го поставиле некогаш во животот, а тоа е „Кој е Исус?“ или уште посилно да го поставам, како што верувам и самиот уметник тоа го прави, Исус од овие слики нѐ гледа сите нас и ни вели, „А што велите вие, кој сум јас?“.Пед секоја слика, пред која ќе застанеме, ќе се соочиме со тоа прашање.Останува на нас каков ќе биде нашиот одговор.

Уште од најраната црква, уште од Новиот завет па натаму, црквата и христијаните се обиделе да ги толкуваат овие прашања. Генијалниот Ориген во средината на третиот век воспоставил еден интересен пристап кон тоа како да ја доживееме суштината на онаа што можеме само да го осетиме со сетилата во процес оф три чекори. Трите чекори ги нарекува: практикеили практично дејство, фисикетеориа – толкување, созерцување или согледување на нештата, и конечно,теологиаили непречената визија на божествената природа. Јас верувам дека во овие слики ги имаме и практикеи фисикетеориа, додека сме насочувани и кон теологиа.

Не ги гледаме сите боите со исти очи. Уметници како Никола Пијанманов успеваат да откријат бои за коишто ние не сме ни свесни дека постојат. Да ни ги доловат, и ние потоа да можеме на готово да ги видиме. Така, ова е подарок за сите нас. Остриот контраст на оваа истовремена хармоничност во неговите слики, како да ја сопреле светлината. Светлината е сопрена во нејзиното движење и присилена е да ни се покаже таква каква што е.

Како усепал во ова Пијанманов? Да ја земеме една од големите слики што се вика „Воскресението на Лазар“. Што гледаме на оваа слика? Ја гледаме транслуцентноста на неговата обвивка која се продолжува во транслуцентноста на неговото тело. Тоа е симбол на допир меѓу два света. Тоа е препознавање на два дела кои некогаш биле едно со друго заедно. „Воскресението на Лазар“е симбол над сите симболи дека душата и телото повторно се препознаваат. Лазар штотуку воскреснал затоа што тие два дела кои биде одвоени, повторно творат една психосоматска целина.

Што гледаме на „Искушението во пустината“?Гледаме многу интересна игра со боите. Имаме златест пејзаж, сина наметка и црвен хитон. Ова се три многу важни теолошки бои. Златната ја претставува Божјата суштина, сината ја претставува Божјата природа, а црвената ја претставува човечката природа на Исус Христос. Исус им одолева на овие три искушенија во пустината. Првото искушение, одолева на егзистенционалниот карактер на искушението, на лебот. Второто е на смисловниот карактер на искушението, а тоа е фрлањето од храмот. И третото е политичкиот карактер на искушението, а тоа е да се поклони пред ѓаволот во замена за власт и моќ. Исус Христос ги одбива сите три.Човештвото паднало на сите три. Зошто овие три бои? Знаете ли што сака да ни каже Никола со овие три бои? Дека само оној кој е суштински божество(злато), кој е по природа Бог (сино), а кој станал еден од нас (црвено), може да го победи секое искушение во името на човештвото. И ете нѐ нас тука и сега; токму заради таа победа на овој златен, син и црвен богочовек ние сме полни со надеж. Во овој миг, во оваа темнина, насреде лажните вести – ние имаме вистина која е непоматена и надеж која е апсолутно сигурна.

Како да се „исчита“ „Исус во молитва“? Прекрасна белина транслуцентно блика околу него. Толку е налик на описот на Христовото преобразување или Преображение. Тука сѐ е транслуцентно, додека потемните нијанси, контурите на Христовата телесност, покажуваат дека имаме средба со Бог и човек одеднаш. Исто како што светлината мора да биде и бран и честичка за да биде светлина, така и Христос мора да биде и Бог и човек за да го направи она што на нас ни треба. Светлината е бран и честичка, Христос е Бог и човек.

Опусот на избраните дела за изложбата ни дозволува да сесе свртиме кон една друга тема која во денешницата е крајно актуелна и во чиј контекст често е фрлаатдрвја и камења против христијанството, а тоа е улогата на жената.  Две слики се истакнуваат на кои се проминентни жени. „Марија Магдалена“ и „Симнувањето од крстот“. Гледаме дека жените се тие кои последни останале под крстот, а од евангелијата знаеме дека први стигнале на гробот. Ова не може да биде наместено. Во еден крајно патријархален свет не може веста да биде лажна и да се каже дека жени ја донеле зашто довербата во нивното сведоштво била речиси непостоечка. Затоа гледајќи како Марија Магдалена стои под крстот ( истовременоја замислуваме)како оди и сведочи за воскресението на Исус Христос, знаеме дека Исус Христос ги разбива стереотипите. Со своите дела Никола Пијанмановги разбива токму овие стереотипи. Добар потсетник дека христијанството е всушност предвесник на многу од она што денеска се промовира како некакви модерни придобивки како што се универзалните човекови права на пример.

Конечно доаѓаме и до сликата која го претставува „Воскресението“. Можеби се прашувате „каде е Христос воскреснат на една од сликите?“  Во буквална смисла никаде. Но сеедно воскресението е претставено во сликата на едно нежно, кревко, мало кокиче кое е знак дека зимата нема да го совлада. Ова е кокиче среде зима. Надеж против секоја надеж. Сублимација на победата на животот над смртта во Исус Христос. Со други зборови, и дел од насловот на изложбата.Ова е субверзија на субверзијата, ова е смртта на смртта. Ова е денот кога смртта е прогласена за мртва и никогаш повеќе нема да се појави да убива други.  Умрела и повеќе нема власт врз животот.

Дури и сега да плачеме и да тагуваме насреде овој светсликите на Никола Пијанмановни покажуваат, дека оној другиот по кој копнееме, е веќе тука и меѓу нас. Симболот на вистината која штотуку дошла можеби не е во целост тука, но преку овие слики е присутна бидејќи симболот значи два дела кои биле одвоени се „препознале“ дека некогаш создавале совршена целина на која ѝ се враќаат. За таа целост сведочат сликите на Никола Пијанманов.

Средбата со нив на најубав начин нѐ воведува во состојбата да се биде меѓу два света. Со овие слики на Никола Пијанманов на најдобар можен начин во овој свет, се соочуваме со со светот кој надоаѓа. Ми претставуваше голема радост и задоволство, чест и привилегија, да бидам меѓу првите да се соочи со овие прекрасни дела, даимам некаков осврт за нив и истовремено да го споделам она што лично го доживеав гледајќи ги.Верувам, дека сега откако и вие ги видовте сликите, секој од вас има своја таква слична и дури и поубава приказна од онаа што  овој миг јас ви ја раскажав.

Коста Милков

CategoriesUncategorized

Leave a reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *